Релевантните политички партии во Македонија не гледаат ни една друга алтернатива освен да продолжат по патот на интеграција кон НАТО и ЕУ, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Тој нагласи дека на средбата лидерите ја разгледале ситуацијата за можноста за ратификување на Протоколот за наше членство во НАТО од страна на шпанскиот Парламент, по што се договориле на 12 април да имаме избори.
– Договоривме на 12-ти април да имаме предвремени избори. За жал се совпаѓа датумот за попис и избори. Не можеме во исто време да имаме попис и за жал мислам дека ќе требаат уште неколку месеци за пописот, рече Тачи.