ВИДЕО: Тачи ги повика македонските граѓани да гласаат „За“ на референдумот

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи ги повика граѓаните на Македонија да гласаат „За“ на референдумот бидејќи тоа значело мир и за Косово.

„Вие ја завршивте спободбата со Грција, сега следува Косово и Србија да го завршат дијалогот. Знаете дека ова нема да биде лесен процес да се донесе конечна историска одлука да се затворат прашањата на Косово и Србија, но затоа тука е дијалогот. Ние имаме многу бариери, но јас сум оптимист, бидејќи подобро сега да се постигне договор отколку по три децении. Јас ќе направам огромни напори за да се постигне договор со Србија што значи реципрочно признавање“, додава Тачи, кој вели дека го осигурал Заев дека евентуалната спогодба меѓу Косово и Србија нема да биде со, како што вели, минирање на соседните земји.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи по средбата со премиерот Зоран Заев вели дека охрабрувачки за Косово е што од границата со Косово до Скопје да се догради автопатот кој се градел од Косово до границата со Македонија.

“Се сретнав со премиерот за да ги поздравам неговите ангажмани за решавање на прашањето со името. Мислам дека ова е најправична одлука. Како лидери треба да мислиме повеќе за нашата земја, иднина. И на Косово и на Македонија. Ние се стремиме да одиме кон ЕУ и НАТО. Почитуван Заев, Косово ве поддржува да се придружите на НАТО”, рече Тачи.

Би можело да ве интересира

Одаловиќ: Органи на Срби од Косово се продавани во странство

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Курти доби мандат за формирање на нова косовска Влада