ДПА е блиску до конечен став околу делувањето во Собранието, по инцидентот што пред неколку дена се случи со ДУИ на седница Комисијата за финансирање и буџет, истакна претседателот на партијата Мендух Тачи.
– Многу сме блиску до тој конечен став, но мене ми треба дополнително консултации и внатре во структурата на партијата и со моите советници и со меѓународната заедница, изјави Тачи по денешното основачко собрание на подмладокот на струшкиот огранок на ДПА.
Тој најави дека состаноци ќе има со младите во сите ограноци.
– Почнуваме со младите, па ќе завршиме со поголемите. Фасцинирам сум од подготвеноста на луѓето да се ангажираат во нашата партија, рече Тачи.