Тачи: Доколку отидев со Бранко, меѓуетничкиот конфликт ќе беше неизбежен

Од:

„Замислете ситуација на 24. декември да бевме јас и моите пратеници во парламентот и 50.000 Албанци пред Собранието“, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

„Замислете ние да имавме конфликт со собраниското обезбедување, тоа немаше да биде комедија. Нас можеа само преполовени и скршени да не изнесат од Собранието, но ќе имаше директен физички конфликт. Ако јас со неколку илјади Албанци ги газев барикадите и тргнев кон полицијата и поддржувачите на власта, тоа ќе беше директен конфликт меѓу Албанци и Македонци. Kолку аргументи треба да дадам дека нема шанси така да се однесуваме и оти нема да дозволиме меѓуетнички конфронтации кои би имале несогледливи последици. Тоа не сум го правел, ниту ќе го правам зашто сметам дека тоа е погрешна политика. Сметам дека така и македонската опозиција треба да гледа на моите политички ставови“, рече Тачи, во интервју за Дневник.

Тачи вели дека не е за предвремени парламентарни избори од проста причина што не сака да биде сфатен како човек гладен за власт.

Според Тачи, ДПА нема да го бојкотира Собранието и поради укажувањата од Тирана и од Приштина, дека тоа не е „наша свадба“. Но сепак Тачи го осудува исфрлањето на пратениците.

Би можело да ве интересира

Партијата на Тачи нема да одбие ако добие покана за влез во Владата

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он