Арбен Џафери беше столбот на албанското движење во Македонија и се бореше за подобар живот на граѓаните. Тој беше човек со кој можев секој ден да разговарам за било која тема, а згора на се, беше многу добар аналитичар.
Во 1993 година тој му се приклучи на нашето нова движење кое како и тогаш, така и денес е единствена организација на македонските Албанци која е посветена на нашата кауза. Не смееме и да сме во очај да се предадеме, а најмалку сега кога знаеме дека сме на вистинскиот пат, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи на вчерашната академија во Тетово посветена на животот и делото на првиот претседател на партијата, Арбен Џафери.
Лидерот на Кососката Алијанса, Рамуш Харадинај, изјави дека Џафери ќе биде запаметен како водач на општествениот развој на Албанците.