СВР Тетово: Внимателно со огновите на отворено и престој во природа

Од:

Од СВР Тетово предупредуваат на опасности за избувнување пожари во Полошкиот регион, кој изобилува со бујна вегетација, во пресрет на летните месеци и очекуваните високи температури.

Во последниот апел до граѓаните, апелираат на поголема внимателност на сите кои се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња и опушоци.

– Покрај ова на излетниците кои за викендите престојуваат на излетничките места во регионот, им се укажува да се воздржат од палење огнови, кои неизгаснати брзо можат да пламнат и да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од големи размери. Им се советува, исто така, на отворен простор да не оставаат стаклени шишиња или други лесно запаливи предмети, кои подолго време изложени на Сонце, можат да причинат пожар, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Јосифоски потсетува и на санкциите за предвизвикување пожар, кои зависно од видот на пожарот, другите околности и последици може да бидат и затворски казни и се движат од 6шест месеци до осум години.

Во меѓувреме, СВР Тетово превзема превентивни мерки, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а ќе ги засили и планираните контролни активности на поширокото подрачје, кои овој и наредните месеци заеднички ќе се реализираат со други надлежни институции на подрачјето.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари