СВР-Битола со препораки за безбедност во сообраќајот

Од:

СВР-Битола според востановената традиција и денеска на 1 Мај испрати совети и препораки до возачите и други учесници во сообраќајот, за почитување на сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на конзумирањето алкохол, приспособување на брзината спрема условите и состојбата на патот, како и воздржување од предизвикување на разни облици на нарушување на јавниот ред и мир.

Од СВР – Битола посочуваат дека во текот на празничниов ден со цел да се задржи безбедноста на сите граѓани на задоволително ниво, ќе се преземаат акциски контроли.

– Во интерес на безбедноста на граѓаните, СВР-Битола, апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на управување на возило под дејство на алкохол, присподобување на брзината спрема условите, состојбата на патот, ограничувањата како и паркирање на места кои се определени за таа намена со цел нормално и непречено одвивање на сообраќајот, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Стаматова информира дека во поглед на сообраќајот за првото тромесечие во 2018 година регистрирале вкупно 69 сообраќајни незгоди со потешки последици, повредени се 107 лица, а на патиштата во сообраќајна незгода загинале четири лица, сите на подрачјето на општината Прилеп.

Од СВР-Битола порачуваат во текот на денешниот празничен ден да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места, меѓи, пасишта и други површини. Да не се фрлаат отпушоци, стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад. Доколку се забележи пожар-веднаш да се извести Центарот за управување со кризи или локалната противпожарна единица.

Би можело да ве интересира

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации

Во битолскиот Архив пронајдени нови фотографии на Кемал Ататурк снимени од браќата Манаки

На Тумбе кафе пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 бомби и гранати од Првата светска војна

Горан Наумовски

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он