СВР-Битола поведе истрага за случајот со опожарените возила

Од:

СВР-Битола врши истрага и криминалистичко-техничко вештачење на материјалните траги врз возилата кои ноќеска околу 02.35 часот беа опожарени на паркингот на улицата „Маихајло Андоновски“ во Битола.

– Екипа на СВР- Битола синоќа излезе на лице место и констатира дека е опожарено паркирано патничко моторно возило „Опел Корса“ со битолски регистерски таблици, при што целото е изгорено. Од настанатиот пожар се опожарени уште три возила кои се наоѓале во близина. Пожарот беше целосно локализиран од страна на екипа на битолските пожарникари. Според првичните проценки предизвикана е материјална штета од  1.000.000 денари, појасни на денешната прес-конференција Магдалена Димитровска, советник за односи со јавност во СВР-Битола.

Таа потврди дека СВР-Битола до Основното јавно обвинителство-Битола поднесе кривична пријава против Н.С. (29), Б.К (26), К.Т.(20), А.З (27), И.Б (23) и М.Љ (22), сите од Битола осомничени за сторено кривично дело „Насилство“.

– На 5-ти април  во 01:30 час пријавените се организирале во група, се собрале пред ноќен клуб „Расчекор“ во Битола, започнале вербална расправија поради забрана за влез во објектот, по што физички  нападнале шест лица од Битола, вработени во  агенција за приватно обезбедување, кои биле на работно место обезбедување  на објект, рече Димитровска.

Со дрвени палки и фрлање на разни предмети, подвлече, кај присутните во ноќниот бар предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, додека на вработените во обезбедувањето им нанеле телесни повреди.

Би можело да ве интересира

1408 стари пушки пронајдени во близина на поранешниот гарнизон во Битола

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка