СВР-Битола поднесе прекршочни пријави за лица што организирале и играле комар

Од:

СВР-Битола поднесе прекршочни пријави против 11 лица кои во Битола и Прилеп организирале и играле комар.

На денешната прес конференција во СВР-Битола, портпаролот Магдалена Димитровска соопшти дека полициски службеници извршиле контрола на објекти на територијата на полициските станици во Битола и Прилеп, и во три објекти се затекнати 11 лица како играат комар.

-Полициските службеници одзедоа разновидни предмети, кутии за жетони со клучеви, направа за делење на карти, жетони, зарови, неколку шпила карти како и парични средства. За време на контролата констатирани се пет кривични дела за комар, прекршоци за играње на комар или друга забранета игра на сртеќа, како и други неправилности за што СВР-Битола поднесе соодветни прекршочни пријави, посочи Димитровска.

Од СВР-Битола исто така информираа дека во рамките на оперативната акција „Гора“ во периодот од 1 јуни до 15 декември годинава до надлежните јавни обвинителства во Македонски Брод, Прилеп, Ресен, Крушево и Битола поднесе 25 кривични пријави за 37 пријавени физички и 3 правни лица кои извршиле кражба, пустошење на шуми, злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување на исрпави и други злоупотреби на законската регулатива или предизвикување на материјална штета.

-Во рамките на овие активности, запленети се над 270 метри кубни разни видови огревно дрво, одземени се 7 товарни моторни возила и 38 патнички моторни возила, 8 трактори, 19 запрежни возила, 1 шпедитер, 14 моторни пили, 10 рачни пили и 5 секири, потврди Магдалена Димитровска, портпарол на СВР-Битола.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он