Светски ден на животната средина

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на Обединети Нации за животна средина, во соработка со Град Скопје и општините во градот, денеска организира забавно-едукативен настан со кој ќе се вклучи во глобалното одбележување на 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина.

Годинашново одбележување на овој значаен еколошки ден е посветено на глобалните заложби за намалување на загадувањето од пластика.

– Преку игра, песна, едукација, еко-трикови околу 300 ученици од девет скопски основни училишта кои во текот на учебната 2017/2018 година собраа најмногу пластични шишиња и ги предадоа за рециклирање на ПАКОМАК, ќе ја пратат пораката дека се подготвени да го сменат своето однесување кон пластиката и со тоа да се грижат за животната средина, живиот свет и сопственото здравје, наведуваат организаторите.

На настанот предвидено е да се обратат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, претставникот на УНЕП Искра Стојанова и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон.

Во настанот, што ќе се одржи на отворената бина на „Школката“ во Градскиот парк во Скопје, ќе се вклучат и колективните постапувачи со отпад ПАКОМАК и НУЛА ОТПАД, ЈПКомунална Хигиена, ЈСП, Титан УСЈЕ и Скопска Пивара.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари