Светски ден на животната средина

Од:

Годинашното мото на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина – 5 јуни е „Поврзување на луѓето со природата“. Целта на оваа тема е да не потсети да поминуваме повеќе време во природа, да ја почитуваме и славиме нејзината убавина и да се залагаме за заштита на планетата Земја.

Канцеларијата на UN Environment во Скопје во соработка со Македонско еколошко друштво и Центарот за едукација и развој од Тетово ќе го одбележат Светскиот ден на животната средина со низа активности во Тетово и Скопје.

Светскиот ден на животната средина е креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот.

Секоја година се бира тема за која се прават голем број настани од големи компании, невладини организации, заедници и влади насекаде во светот со цел да се подигне свеста за важни прашања од животната средина.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари