По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, намесникот на дебарската парохија Благоја Спировски Богојавленска литергија одржа во црквата „Света Петка“ каде во базенот во дворот на црквата се фрлаше светиот крст.
И годинава крстот го фати Цветко Митревски, ученик во осмо одделение. Тој крстот го фати лани како и пред пред три години. Од име на Парохијата, свештеникот Спироски му подари златно синџирече со крст, а присутите верници го даруваа со пари.
Традиционално Богојавление се празнува и в селата Мелничани и Горенци, каде иако има само две, односно едно семејство, кои постојано живеат во селата, денеска има голем број поранешни жители, кои секогаш на овој празник доаѓаат тука и го земаат и редаваат кумството.