Немилиот настан се случил вчера наутро кога жртвата тргнала на работа.
Имено, околу 05:40 часот, С.А. излегла во дворот од нејзината куќа за да оди на работа, при што Т.Т. и пришол од зад грб со нож во рацете, со едната рака ја стиснал за устата и ножот и го ставил на врат.
Потоа и наредил да се качи во возило „Сеат Кордоба“ сопственост на такси компанија, каде што Т.Т. работи. Откако С.А. влегла во возилото, заедно се упатиле кон Куманово, по што пред општината во с.Пезово, двајцата излегле од возилото и Т.Т. извадил нож и се заканил дека ќе си го одземе животот, обидувајќи се да си ги пресече вените.
Откако се откажал од намерата, Т.Т. ја турнал С.А. на задните седишта од возилото, и ја присилил на сексуален однос. Околу 10,00 часот со возилото ја вратил во Св.Николе, а подоцна тој е приведен во ПС-Св.Николе, обавен е разговор во кој Т.Т. потврдил дека имал сексуален однос со С.А. но дека тоа се случило со нејзина согласност.
Се работи на целосно расчистување на случајот.