Сведокот во „Сопот“: Ми гасеа цигари од чело и ме врзуваа за радијатори

Од:

Сведокот Рамадан Бајрами на денешното рочиште за случајот кој почна од почеток, „Сопот”, во кој десет лица се обвинети за тероризам, рече дека кога била експлозијата не бил во селото, туку бил во Србија. За настанот разбрал кога се вратил во Македонија. Неговата првична изјава била изнудена поради, како што наведе, долгото држење во притвор, малтретирање и тепање. Рамадани пред судот објасни дека на 23 мај 2003 година отишол во полициска станица за извод на малолетниот син, но бил удрен во задниот дел од главата, врзан и однесен со автомобил. Посочи дека следните неколку дена бил испрашуван, малтретиран и тепан од повеќе инспектори, кои барале од него да потпише изјава, за како што му рекле дека бил обвинет за држење стража во селото. Според него, го врзале за радијатор и му гаселе цигари од челото.

Според изјавата на Рамадани пред судот тој во повеќе наврати во 2003 година бил изнесуван пред тројца различни судии, каде на 26 мај го кажал тоа што го принудиле да го каже, а за истата изјава на 27 го ставиле и на детектор. Кога на 28 мај му кажале дека му е определен адвокат по службена должност, тој како што рече, се охрабрил и кажал дека не знае за настанот и бил во Србија, по што бил повторно тепан од инспекторите поради променетата изјава. Рамадани рече дека третиот од судиите му рекол дека се товари за фалсификувани 100 евра, кои биле пронајдени при претрес во неговиот дом и му одредил притвор од 30 дена. Обвинителството пред судот изнесе рачна изјава од СВР Куманово за која Рамадани по увидот потврди дека ракописот и потписот се негови.

Следното рочиште судот го закажа на 6 февруари 2018 година. Судот го прифати барањето на обвинителството да бидат повикани шест инспектори кои работеле на овој случај, судско-медицинско вештачење, изјава на сведок од 23/05/2003 година, решение за спроведување на Рамадан, записници за привремено одземени предмети, како и целиот предмет против Рамадани за кривично дело фалсификување пари.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов