На прашање на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, колку најблиску бил до обвинетите, загрозениот сведок Е1 рече дека неколку дена пред 12-ти април, обвинетиот Сами Љути кој претходно го препозна во судницата, му побарал запалка.
Бидејќи немал класична запалка, заштитениот сведок му ја запалил цигарата со запалка од автомобилот.
Исто така на прашање на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи дали сведокот забележал какви цигари пуши обвинетиот Сами Љута, загрозениот сведок рече дека Љута во раката држел „Лаки страјк“ цигари.
Следното рочиште е закажано за в петок.
Виктор Јованов