Сведок за „крвавиот четврток“: Ексдиректорот на УБК наредил да се следат обвинители од СЈО

Од:

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски, наредил да се следат обвинители од специјалното јавно обвинителство, додека траеле протестите на „За заедничка Македонија“ што се одржуваа лани пред Собранието, тврди Михаил Младеновски, обвинет за упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

„Додека се одвиваа протестите, по насоки на ексдиректорот на УБК и Никола Бошкоски (поранешен вработен во УБК кој е обвинет во предмети на СЈО, а е во бегство во Грција), му беа дадени инструкции на Александар Василевски Нинџа (обвинет за „крвавиот четврток“), да бидат следени одредени лица. Негови констатации за државни непријатели. Тука беа следени обвинетели од СЈО, сликани документирани“, рече тој пред Судот.

Според тврдењата на Младеновски, бил следен и Кире Наумов, кој беше дополнителен заменик министер за финансии, бидејќи, како што рече Младеновски, имало информации дека е склон кон алкохол, кон малолетни девојчиња и дека треба да му се конструира афера со слики во јавен објект.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Продолжи судењето против Бојковски кој призна три од четирите убиства за кои е осомничен од обвинителството, доказната постапка завршена

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“