Сведок: СЈО отвора истраги против актуелни судии за пресуди по „нарачка“

Од:

Најмалку десетина актуелни судии и неколку поранешни или кои сега се на други функции се очекува да бидат опфатени со истрагата која треба да ја отвори наскоро Специјлното јавно обвинителство, по преслушување на разговорите од кои се слуша дека голем број пресуди биле донесени по „нарачка“,пишува Сведок.

Судски извори за „Сведок“ потврдуваат дека на големо се врти темата за новата истрага која не само што се очекува да го раздрма од корен судството, туку ќе биде и силен знак за тоа како ќе се водат постапките што ќе ги иницира Специјалното јавно обвинителство.

За најмалку тројца судии на Врховниот суд се истражувале „нарачките“ добиени по телефон во неколку предмети, откриваат за „Сведок“ извори од истрагата. Во прв план станува збор за кривични предмети, од познати корупциски предмети, но во Апелационите, Управните судови и во Врховниот суд, „жешката“ линија работела и за стопански или граѓански спорови каде што се вртеле милионски суми.

„Истрагите кои се очекува да бидат обелоденети наскоро за судиите, по дифолт треба да значат и повторување на тие постапки, бидејќи на снимките јасно се слушале наредбодавците кои по телефон диктирале висина на казни.

Во објавените „бомби“ кои сега се во рацете на специјалните обвинители, јавноста можеше да го чуе разговорот на Сашо Мијалков со судијката на Вишиот Управен суд Светлана Костова како се договара провизија за опремата набавена од Израел, ветувањата на екс претседателката на скопска Апелација Филимена Маневска дадени кон Влатко Мијалков и Драган Павловиќ Латас за решавање на предмети, изборот и местенките во Основниот суд Скопје 1, со судиите Софија Лаличиќ, Лидија Тупенческа Петреска, Виолета Арнаудовска, како и отчетот на Александра Зафироска од Судскиот совет кај секретарката на премиерот за тоа каде се распишува оглас и кој треба да стане судија“, пишува „Сведок“.

Врз основа на тие снимки, на кои, како што посочува изворот на „Сведок“, има и многу „гадни“ работа па доколку се докажат се очекува да се преотворат случаите „Ровер“, „Кампања“, „Ликвидација“, „Шпион“, „Монструм“ и неколку предмети со помалку обвинети, но сепак доста звучни и интересни за јавноста и за начинот на делење на правдата.

Дел од судиите биле повикани и им биле предочени доказите, што не било ни малку пријатно –посочува извор од истрагата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави

Горан Наумовски

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем