Сведок на „Монструм“: Сите докази беа заведувани во записници

Од:

Чаура од куршум испукан на 12 април 2012 година како доказ била допишана во вкупниот збир на докази на 17 април, односно четири дена по првиот записник, во кој биле запишани 20 чаури најдени на местото на убиството кај Смилковско езеро. Дали со тоа се „мести“ обвинетиот Фазли Азири, беше прашан денешниот сведок В.М. на судењето за предметот „Монструм” од адвокатот Насер Рауфи.

Сведокот, кој бил началник во МВР во Единицата за истраги, рече дека во неговата кариера никогаш не се случила таква работа и дека за сите нови докази најдени за громорозното убиство, биле изготвувани нови записници. Судечкиот совет и обвинителите реагираа на ваквото прашање на адвокатот.

На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи, сведокот рече дека не е директно поврзан со возилото „Опел Омега“ кое е предмет во истрагата, но дека бил информиран за тоа.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски