Свечена Академија во по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес

Од:

Денеска во организација на Секретаријатот за европски прашања, а во име на Собранието и Владата на Република Македонија, во просториите на Музејот на албанската азбука во Битола се одржа Свечена Академија по повод 22 ноември – денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес.

На денешната свечена академија учествуваа еминентни претставници од Академија на Науките на Албанија, Албанска Академија за Албанолошки студии, Албанолошкиот Институт на Косово; Институт на историјата на Косово, како и повеќе истакнати научни, општествени и политички претставници од Македонија.

Прославата на еден од најважните јубилеи, 110 годишнината од Битолскиот конгрес и унификацијата на Албанската азбука продолжува со промоции на повеќе книги, научни трудови; предвидено е и научна конференција во хотел Епинал, исто така во Битола, додека централен настан ќе биде утрешниот настап на уметничкиот великан Шкелзен Доли со концерт на виолина во придружба на Македонската филхармонија, а под диригентската палка на Михаел Мацијашчик од Полска на кој ќе присуствуваат и Претседателите на Албанија и Косово – Илир Мета и Хашим Тачи, со што овој историски јубилеј ќе биде одбележан на високо регионално ниво, со присуство на претставниците на Албанците од целиот регион.

Би можело да ве интересира

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Врачена наградата „22 Ноември“ на политиколот Илбер Села и писателот Фејзи Бојко

Ана Ололовска

Денот на Албанската азбука – 22 Ноември, неработен за припадниците на албанската заедница

Ана Ололовска

Денот на албанската азбука одбележан со промоција на книга и документарен филм за Параскеви Киријази

Пендаровски: Денот на албанската азбука е државен празник со кој се горедат сите граѓани