Денот на албанската азбука одбележан со промоција на книга и документарен филм за Параскеви Киријази

Од:

Денови на азбуката – 2020“ е културно-научната манифестација која вчера и денеска се одржа во Институтот за духовно и културно наследство на Aлбанците, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука.

Во рамки на манифестацијата, како што соопшти Министерството за култура, денеска беше промовирана книгата „Дневникот на Параскеви Киријази“ од Скендер Асани и Нора Малиќи- Зулали и документарниот филм за УНЕСКО посветен на интелектуалката Параскеви Киријази, која претседавала со Советот за кодификација на албанскиот јазик во Битола 1908 година.

Министерката за култура Ирена Стефковска на промоцијата, честитајќи го Денот на албанската азбука истакна дека јазикот, по дефиниција, е средство за комуникација, но оти мајчиниот јазик е аманет.

– Нашата земја ја има привилегијата да изобилува со јазици и дијалекти, да биде „срцето на балканскиот јазичен контакт“, како што вели големиот лингвист и пријател на Република Северна Македонија, проф. Виктор Фридман. Тоа е богатство, културно богатство кое не прави поубави и посилни. Честитајќи го Денот на албанската азбука, 22 Ноември, не го кријам задоволството што успеавме, во календарот на УНЕСКО за поддршка на значајни јубилеи во 2020, да ја внесеме и 50-годишнината од упокојувањето на Параскеви Киријази, активна учесничка на Битолскиот конгрес. На оваа исклучителна жена полиглот, ерудит и педагог, и го посветуваме 17 декември, рече Стефоска.

На промоцијата свои обраќања имаа и амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз, претседателот на Евангелско-протестантската црква на Косово, Феми Цаколи, директорот на Институтот за албански и протестантски студии во Тирана, Давид Хосафлук, Нора Малиќи-Зулали и директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани.

Промоцијата се одвиваше во специфични услови поради пандемијата со КОВИД 19, а е во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Aлбанците, со поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Врачена наградата „22 Ноември“ на политиколот Илбер Села и писателот Фејзи Бојко

Ана Ололовска

Денот на Албанската азбука – 22 Ноември, неработен за припадниците на албанската заедница

Ана Ололовска

Пендаровски: Денот на албанската азбука е државен празник со кој се горедат сите граѓани

Груби: Заедничко ни е патешествието кон слободата, правдата, еднаквоста, но и интеграцијата

Честика од Џафери за Денот на албанската азбука: Дарот е голем, меѓутоа аманетот да се чува тој дар е уште поголем

Заев за Денот на албанска азбука: Јазикот е дел од генетскиот код на еден народ

Катерина Ѓуровски