Суво и стабилно време за празничниот викенд

Од:

Времето за време на викендот и на новогодишната ноќ ќе биде стабилно и суво. Утре ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Во недела и понеделник ветерот ќе биде слаб и ќе се менува кон јужен. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Температурата денеска ќе биде од три до девет, а утре од минус пет до три степени.

Во Скопје слично време, денеска со температура до седум, а утре од нула до девет степени.

Во недела утринската ќе се спушти до минус седум, а максималната ќе се движи меѓу пет и 11 степени.

Во понеделник, на првиот ден од новата година, утринската ќе биде од минус пет до еден степен, а дневната од шест до 13 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски