А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сушата го намали квалитетот на земјоделските култури во Пелагонија

by А1он27/08/2013 - 11:48116
Share0

Агроекспертите од битолскиот дел на Пелагонија оценуваат дека континуираните високи дневни температури го намалија квалитетот на земјоделските култури од годинешната реколта чија берба е во полн ек.

Добивај вести на вибер

– Паралелно со бербата на земјоделските производи, се одвива и откупот, но за жал сушата го направи своето и го намали квалитетот иако пролетоска објективно очекувавме поголем квалитет посебно на пченицата и на тутунот во Пелагонија, истакна Илија Србиновски раководител на подрачната едница на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола.

Тој додаде дека годинава во битолскиот дел на Пелагонија собрани се околу 60.000 тони пченица но со послаб квалитет наспроти ланскиот. Досега се откупени околу 70 отсто од вкупните количини лебно зрно, но откупот на произведеното продолжува.

Србиновски потенцира дека ова лето е регистриран и послаб квалитет на тутунот и затоа од засадените површини ќе бидат собрани околу 2.500 тони тутун.

Во битолскиот дел на Пелагонија во овој период од годината се врши собирање на фуражните, силажните и градинарските производи, индустриска пиперка и моркови, а на почетокот од идниот месец ќе почне бербата и откупот на доматите, информираат од подрачната единица на МЗШВ.

– Земјоделците веќе размислуваат и за есенската сеидба. Првичните подготовки се насочени кон планирањето на површините, потребниот семенски материјал и употреба на современа механизација која се повеќе ја применуваат земјоделците од Пелагонија. Очекувавме и придвижување на состојбите со производството на шеќерната репа, но за жал нема некоја посебна иницијатива од битолската „шеќерана“ за овој важен земјоделски производ, истакна Србиновски.

zemjodelstvo

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Катерина Ѓуровски19/11/2024 - 13:28

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on04/03/2024 - 13:27

Градоначалникот Димитриевски бара јавно да се објави списокот на сите земјоделски концесионери со информации за плаќање на концесиски надоместок

Предраг Петровиќ05/07/2023 - 20:11

Видео: Имате запуштени ниви? Ем ќе плаќате повеќе данок ем државата ќе ви ги издава

Анита Петровска Рајковиќ27/10/2022 - 18:05

Иновации, нови мерки и 200 милиони евра поддршка за модерно, одржливо и конкурентно земјоделство, најавува Владата

А1он13/09/2020 - 08:43

Средба на партнерите од коалицијата „Можеме“: Беса го добива ресорот Земјоделство

Жарко Настоски19/08/2020 - 19:3219/08/2020 - 19:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен