А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сугарески: Транспорт и врски побарува 64 милиони денари ако се утврди вина на обвинетите за „Топлик“

by А1он04/12/2018 - 20:41211
Share0

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ги отфлри како шпекулации и невистини написите во врска со случајот „Топлик“ дека Министерството, односно тој како министер со дописите до Државното правобранителство исклучува вина за обвинетите за случајот „Топлик“.

Добивај вести на вибер

– Ниту јас ниту Министертвото за транспорт и врски не е правосуден орган за да може некому да пресудува или да ослободува. Денеска во медиумите излегоа неколку документи кои се однесуваат на овој случај, но Ве уверувам дека некој сакал да ги прикаже само документите со кои сакале да нанесат штета на државата. И за жал не ги објавиле сите документи. Сето ова е чиста фарса, шпекулации и невистини, изјави вечерва за медиумите, Сугарески.

Тој појаснува дека во овој случај Државното правобранителство заштитувајќи ги интересите на државата се спогодило со конкретната фирма за раскинување на договорот и врз основа на тоа, Министерството е задолжено да и исплати сума од 223 милиони денари на фирмата што претставува платената цена за градежното земјиште и законска затезна камата во износ од 64 милиони денари. И ова, посочува, одредени медиуми и ВМРО-ДПМНЕ го користи за да постави некоја сопствена теза за да се влијае врз случајот „Топлик“.

Тој нагласува дека во документот што е испратен до Државното правопранителство, а којшто не е објавен по медиумите стои дека, Министертвото за транспорт и врски ќе се приклучи кон оштетните побарувања во висина од 64 милиони денари, ако се утврди кривична вина во постапката.

– Во официјалниот допис што го испративме до Државното правобранителство стои дека Министертвото за транспорт и врски предјавува имотно правно побарување во износ од 64 милиони 206 илјади денари при утврдена вина на обвинетите, рече министерот Сугарески.

sjotoplik

Би можело да ве интересира

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Александар Тодески18/10/2023 - 11:21

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“ и предметот го врати на повторно постапување

Горан Наумовски17/10/2023 - 15:4417/10/2023 - 16:22

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

ВИДЕО: Плаќање затезна камата не е кривично дело, во „Топлик“ е штета и без неа немаше да постои предметот

Кристијан Ландов05/04/2022 - 16:3405/04/2022 - 17:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен