(ВИДЕО) Сугарески: Да се укине комисијата за лустрација, буџетот од 317 000 евра да им се даде на поплавените

Од:

Пратеникот од СДСМ, Горан Сугарески, до Собранието достави Закон за престанување на важење на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност.

Законот беше донесен во август 2015 година, и беше предвидено дека мандатот на Комисијата за верификација на фактите ќе биде до конечно завршување на постапките, а не подоцна од 2 години од денот на отпочнување со примена на законот.

„Имајќи предвид дека со досегашната работа на комисијата не се постигна целта на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, односно постапките кои беа започнати пред комисијата се селективни и делумно врз основа на несоодветни и недоволни докази и аргументи, како и повреда на основните човекови права во текот на постапката предлагачот смета дека Комисијата треба да го заврши својот мандат. Дополнително, во прилог на ова е и одлуките на судските органи по повод изречените решенија на комисијата“, пишува Сугарески.

И опозицијата и стручната јавност посочуваа дека Законот и Комисијата се претворија во оружје за партиска пресметка. Управниот суд во последниов период укина 20-тина одредби на Комисијата, на што реагираше и се жалеше првиот лустратор Томе Аџиев.

Сугарески предлага, вработените во стручната служба во Комисијата да бидат преземени во Министерството за информатичко општество и администрација, со што  нема да има никакви негативни последици по нив.

Би можело да ве интересира

Сугарески се повлекува од Царина, влегува во трката во СДСМ како кандидат за градоначалник на Прилеп

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Сугарески и годинава очекува 86% реализација на капиталните инвестиции

Жарко Настоски

Според Сугарески, сè уште е рано за одлука за отворање на аеродромите

А1он

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска