Судството на Кацарска пресуди во корист на градежната мафија за „Треска” обвинува Левица

Од:

Заробениот Уставен суд, под водство на Кацарска, минатата недела ја отфрли иницијативата за преиспитување на ДУП-от кај поранешната фабрика „Треска” – со што го бетонизира последниот слободен простор во Центар и пресуди во интерес на градежните компании „Голден Арт” и „Мега Акустик” велат од Левица.

– Експресната одлука на Уставен суд во корист на градежната мафија укажува за кого работат уставните судии! Потсетуваме дека Уставниот суд дури сега оформи предмет за Преспанскиот договор и за таканаречениот Закон за двојазичност – под изговор дека нема доволен број на судии?! Очигледно ова не важи кога е во прашање профитот на градежната мафија. Ова е втор пат Уставниот суд да ги штити интересите на градежните компании. Првата скандалозна одлука, со која Уставниот суд го загрози јавниот интерес на жителите на општина Центар, е кога го укина мораториумот за градба и ја легализира бетонизацијата на нашата општина! Скандалозниот ДУП за бетонизација на просторот кај поранешната фабрика ,,Треска” беше донесен за време на ДПМНЕ во 2012 година, додека Герасимовски од СДС го реализира овој незаконски и неуставен урбанистички план. Бидејќи ДУП се носи на секои пет години, Герасимовски наместо да иницира носење нов ДУП – одлучи да издаде решенија по катастрофалниот План од 2021 година. Ова последно парче слободен простор за Центарци го узурпира градежната мафија, благодарение на цела коруптивна мрежа, составена од стечајни судии, советници, градоначалници, Обвинителство и Уставен суд, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира