Судскиот совет в петок ќе одлучува за дисциплинска одговорност на судијката Беса Адеми

Од:

Судскиот совет попладнево со осум гласа „за“ одлучи да биде јавна седницата на која ќе се одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми. Седницата е закажана за овој петок.

Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите.

Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако Адеми во интервју за еден медиум посочи дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава