Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

Од:

Судскиот совет соопшти дека на итна седница денеска ќе одлучува за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за куќен притвор за апелациониот судија Ѓоко Ристов.

-Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе ја одржи 535-та ИТНА седница на ден 20.01.2026 година (вторник) со почеток во 15,30 часот со предлог. На дневен ред е расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на предлог за куќен притвор – стои во соопштението од Советот.

Претходно денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ристов да му биде определена мерка куќен притвор.

Освен оваа мерка, како што дополнија, предложено е и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Осомничениот апелационен судија се товари за кривичните дела противправно стекнување и прикривање имот (чл. 359-а ст.3 во врска со ст.1), и перење пари и други приноси од казниво дело (чл. 273 ст.1) бидејќи во домот на неговите родителите во Неготино, полицијата пронашла 350.000 евра за ѕидани во ѕид, за кои постои сомневање дека се незаконски стекнати.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он