Грујевски, Јанкулоска и Јакимовски на обвинителна клупа на 22. декември

Од:

Основниот суд Скопје 1 соопшти дека главната расправа за предметот на специјалното јавно обвинителство „Таргет-Тврдина“ е закажана за 22 декември.

Прва правосилна пресуда за предмет што го води СЈО беше изречена вчера, условна казна од шест месеци доби еден од обвинетите во предметот „Таргет – Тврдина“, кој во постапката самоиницијативно ја признал својата вина.

СЈО соопшти дека во овој предмет е раздвоена кривичната постапка за осуденото лице, чиј идентитет не се соопштува, а за кое, врз основа на признание на вина, е донесена пресуда на 17 ноември.

– Предлогот за раздвојување беше истакнат од страна на ова Јавно обвинителство, при што се имаше предвид интересот на обвинетото лице за побрзо завршување на постапката, како и економичноста и целисходноста на постапката, наведуваат од СЈО.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очекува најстроги казни за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски, кои се обвинети во предметот „Таргет – Тврдина“.

Во споениот предмет „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.

Од скопскиот Кривичен суд информираат дека за „Таргет-Тврдина“ рочиште е закажано и за 17 јануари 2018 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов