(ВИДЕО) Караџоски се жали, СЈО порачува – Никој па ни судиите не се изземени од кривична одговорност

Од:

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски на денешната прес-конференција, се пожали дека медиумите вршеле притисок врз судската фела што е спротивно на барањата на меѓународната заедница, како и прекршување на меѓународните и на домашните стандарди.

На прес конференцијата беа поканети и амбасадорите од меѓународната заедница, но тие не се појавија. На поставено новинарско прашање дали недоаѓањето на амбасадорите од меѓународната заедница значи дека тие не се согласуваат со начинот на кој судството функционира, Караџоски одговори дека тоа прашање треба да се упати до амбасадорите.

– Правиме обид да го зачуваме сопствениот интегритет како судии и интегритетот на професијата, затоа што се прават обиди за оцрнување на нашиот општествен углед. Апелираме сите да се воздржат, изјави Караџовски.

Новинарските прашања упатени кон него, претседателот на Судскиот совет ги оцени како „несериозни“ и дека дел од прашањата биле политички констатации на новинарите.

Караџоски рече и дека се почувствувале загрозени со тоа што СЈО повикало пет судии на распит од Управниот суд.

Специјалното обвинителство во истрагите објави дека поведува постапка против Советот во Управниот суд кој направил злоупотреби при одлучувањето за изборите во Општина Центар.

Првиот човек на Судскиот совет не одговори на прашањата како може УБК да не спроведува судска наредба и дали на тој начин не се нарушува судскиот интегритет, бидејќи не можел да коментира изјави од телевизија, а во меѓувреме слушнал и други изјави дека УБК соработува со СЈО.

Тој отфрли секаков коментар околу прислушуваните разговори бидејќи, како што рече, не биле докажани.

Од Специјалното јавно обвинителство пак го велат спротивното односно дека тие не вршат никаков притисок врз судството и дека никој не е изземен од кривична одговорност безразлика во која институција работи.

-Против одредени судии отворена е истрага, а тие треба да дадат изјава во нивна одбрана. Со нашето работење не се врши притисок на судството, туку секоја индивидуа што работи во било која институција па и судството, не е изземена од кривична одговорност, рече Ленче Ристоска на денешната прес конференција на СЈО.

Би можело да ве интересира

Бектовиќ: Судскиот совет е под мониторинг на меѓународната и експертската јавност

Горан Наумовски

Судијата Нанев не дојде на седница на Судскиот совет, на дневен ред беше неговата одговорност

Горан Наумовски

Судскиот совет ги усвои извештаите за предметите за притворот на Рамадани и спогодбите на Георгиев и Мемети

Џенета Бектовиќ избрана за нов член на Судски совет од редот на судиите припадници на заедниците

Судскиот совет: Ќе има огласи за избор на претседатели на основните судови во седум градови

Ќе се сретнат Мицкоски и претседателката на Судски совет Дамева

Катерина Ѓуровски