Судски совет не поведе постапка против Добрила Кацарска

Од:

Судскиот совет на Република Северна Македонија, нема да поведе постапка за утврдување на одговорност против судијата Добрила Кацарска, за изјавата дадена од обвинителката (сведок) Лиле Стефанова, во случајот „Рекет”, дека таа вршела притисок врз неa за предметот „Империја”.

Заради заштита на личноста и интегритетот на судиите, Судскиот совет на Република Северна Македонија во врска со поднесеното барање од судијата на Основен кривичен суд Скопје Добрила Кацарска, кое се однесува на дадениот исказ во својство на сведок од страна на јавниот обвинител на Основно јавно обвинителство – Радовиш Лиле Стефанова во постапката по предметот со кодно име „Рекет“ ја известува јавноста дека пред Судскиот совет на Република Северна Македонија досега не е поведена постапка за утврдување одговорност, ниту пак е поднесена претставка против судијата Добрила Кацарска за конкретниот случај, се вели во соопштението на Судскиот совет.

Претседателот на Судски совет, Киро Здравев, во понеделникот изјави дека на 31 јануари до Судски совет, е испратено барање од Добрила Кацарска за утврдување инволвираност во овој предмет.

Според претседателот Здравев, оваа е првпат судија да бара покренување постапка за утврдување одговорност.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава