Судски совет ќе донесе одлука за претседателката на Врховен Беса Адеми

Од:

Судскиот совет денеска на седница треба да расправа и да одлучува по извештајот од Комисијата на известители во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.

Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, се вклучи во работата на Судски совет со нејзиното присуство и учество на 472 седница одржана на 11 јануари. Ова следуваше по јавната седница што се одржа на крајот од декември лани, кога Судскиот совет одржа расправа за иницијативата поднесена од членот на Советот, Миљазим Мустафа, за утврдување одговорност на Адеми.

По однос на расправата за двете точки од иницијативата, за непојавувањето на седници на Судскиот совет на Адеми без да даде соодветни докази, како и интервјуто во кое зборува за политички притисоци, беше посочено дека со неприсуството на седниците на Судскиот совет таа покажала професионална и правна некултура во постапувањето и почитување на институциите во рамки на правосудниот систем. Според Адеми, пак, сите случувања во Судскиот совет биле демотивирачки од професионален аспект.

На расправата, Мустафа побара одлука со која ќе се утврди нејзина одговорност и разрешување. Од друга страна, одбраната на претседателката на Врховниот суд ги оцени наводите како неосновани и побара одлука со која постапката ќе запре.

Судскиот совет на Република Северна Македонија е самостоен и независен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите. Советот е составен од 15 члена, од кои по функција негови членови се претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и министерот за правда. Според Законот за Судски совет, членовите на Советот по функција учествуваат во работата на Советот без право на глас, но не учествуваат во работата на седниците на Советот на кои се расправа и одлучува за поведена постапка за утврдување на одговорност, избор или разрешување на судија или претседател на суд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет

Во судскиот систем нема да има место за судиите кои не работат според законите, вели Камбовски

Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

Гаши: Собранието ќе го консултира Уставниот суд за да не згреши ако ги разреши членовите на Судски совет избрани од Парламентот

Катерина Ѓуровски

Тошковски за акцијата во Судскиот совет: Премногу е рана фазата за да навлегуваме во детали