ВИДЕО: Судската полиција не пушта 20-ина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и две пратенички да присуствуваат на судењето за „ТНТ“

Од:

Пратеничките Невенка Стаменковска, Жаклина Пешевска, Александар Трајковски од предметот за насилствата пред Општина Центар, како и други поддржувачи од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Гази баба, од утрово чекаат пред влезот на судот и пред влезната врата и сакаат да влезат на судењето како јавност за предметот „ТНТ“.

Велат дека судот дошле да дадат поддршка, но судот не ги пуштал на судењето од безбедносни причини и дека ќе останат пред влезот до крајот на судењето. Од судот велат дека местото во судницата е исполнето со новинари кои се присутни како јавност.

Утрово почнува распитот на обвинетите во предметот на СЈО, „ТНТ“, а прв кој ќе дава одбрана е ексминистерот Миле Јанакиески.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на тогашниот политички противник Фијат Цаноски. СЈО тврди дека со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а допoлнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе барааат отштета.

Обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексградоначалникот Тони Трајковски, како и Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева.

Би можело да ве интересира

Побарано изземање на обвинителот Бурим Рустеми од „ТНТ“ поради сомнеж дека зел 850.000 евра преку Бојан Јовановски

Маја Илиевска-Пачемска

Бизнисменот Фијат Цановски сведочеше на рочиштето за „ТНТ”

Ана Ололовска

Одложени две рочишта за „ТНТ“

Ана Ололовска

За утре закажаната судска расправа за „ТНТ“, одложена за 4 ноември

Ана Ололовска

Со презентација на материјални докази продолжува судењето за „ТНТ“

Ана Ололовска

Судењето за ТНТ одложено бидејќи сопруг на обвинета е во изолација поради коронавирус

Ландов