Судот во Солун пред одлука дали ќе ги екстрадира Грујевски и Бошкоски во Македонија

Од:

Во судот за прекршоци во Солун денеска точно напладне ќе се одржи расправа по барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на беглаците од македонските правосудни органи, Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

Тие поднеле барање за азил до грчките власти.

Претходното рочиште за лажните пасоши со кои беа фатени во Солун, не се одржа, бидејќи не беше присутен еден од останатите обвинети, кои исто така биле заедно со Грујевски и Бошкоски. Ова судење е одложено за 17 мај.

Ексразузнавачите во тренерки и капути со лисици на рацете беа донесени во придружба на полиција. На минатото судење имаше овластен судски преведувач, кој ги преведуваше прашањата на судијката, а беа присутни грчка адвокатка и адвокатот од Скопје Петар Василев.

Адвокатите велат дека ќе бидат подготвени за денешното рочиште.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов