Судот одлучи: 30 дена притвор за функционерот на ДУИ, Исмет Гури

Од:

Судија на претходна постапка денеска го прифати барањето на ОЈО и одреди 30 дена притвор за три лица, по денешната акција на МВР и Обвинителството. Меѓу нив е и функционер на ДУИ, Исмет Гури, велат од Основниот кривичен суд за А1он.

Притвор по пронаоѓање е определен и за уште едно лице.

Притворот е прифатен по три точки, поради можност за бегство, влијание на сведоци, уништување докази.

Гури е дел од осомничените во денешната голема акција на МВР и Обвинителството, кој минатата недела беше осуден на 3 и пол години затвор за изборни злоупотреби во случајот Титаник 3.

Како што стои во соопштението од Обвинителството, откако третоосомничениот, раководно лице од УЈП, ќе ги добиел парите од кривичното дело, дел ги пуштал во промет во име и корист за неговиот син, кој исто така е осомничен во овој предмет.

Притоа во име и корист за неговиот син бил купен недвижен имот – деловен простор со површина од 102 м2 во вкупна вредност од околу 150.000 евра и на име позајмица од осомничените правни лица во повеќе наврати, за оваа цел, му биле префрлани парични средства.

Нелегални пари во износ од 15.259.870,00 денари, третоосомничениот со цел да ги легализира ги дал во готово на осомничено овластено лице кое пак во повеќе наврати – трансакции, на име на позајмица биле префрлени на осомниченото правно лице сопственост на синот на третоосомничениот.

Кривична пријава е поднесена против 15 физички лица и 3 правни лица, и тоа против 11 физички лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, од кои против 9 за сторено кривично дело „даночна измама“, додека едно лице освен за овие две дела, заедно со уште четири физички и три правни лица се сомничат дека сториле кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 од Кривичниот законик.

Утрово од страна на полицијата беа спроведени претреси на 7 локации. Уапсени биле три лица кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка. А за нив обвинителството бара да биде одредена мерка притвор.

При претресите беа запленети мобилни телефони и документација, а при претресите на две локации беа пронајдени и запленети вкупно 35 куршуми од кои 8 куршуми со калибар 6,5 мм, 10 куршуми со калибар 7,65 и 17 куршуми со калибар 9 мм, при што дополнително се приведени две лица, за кои по документирање на случаите ќе следува соодветна пријава.“ велат од МВР

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

30 дена притвор за маж од Мала Речица кој се закануваше дека ќе изврши терористички акт со огнено оружје

Горан Наумовски

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски