ВИДЕО: Судот одби на Јанева да и определи притвор, а Јовановски останува во затворот во Шутка

Од:

Осудениот Бојан Јовановски останува во притвор, а Катица Јанева во куќен притвор, се до правосилноста на пресудата, на која сега, осудените имаат право на жалба. Вака одлучи судечкиот совет и судијката Васка Николовска-Масевска, по предлогот од адвокатите на осудените.

„Спрема Бојан Јованоски се продолжува мерката притвор поради истите причини поради која е одредена. Судот во Стразбур ја одбил привремената мерка која што ја имал поднесено адвокатот на Бојан Јовановски во однос на мерката притвор, што укажува на тоа дека судот е во правилна насока. Во однос на предлогот за замена на мерката куќен притвор во мерка притвор за Катица Јанева, судот го одбива тој предлог и ја продолжува мерката куќен притвор поради истите причини“, рече судијката Николовска-Масевска.

Претходно, судот донесе пресуда со која го осуди Јованоски на девет години затвор, а Јанева на седум години затвор. Јовановски побара да му биде одредена поблага мерка со која ќе биде заменет неговиот притвор. Тој и објасни на судијката дека нема да се даде во бегство. Обвинителката Вилма Русковска, пак, побара на Јанева да и биде одреден притвор.

Би можело да ве интересира

Пет години затвор за Боки 13 за „Меѓународен сојуз“

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра