Судот ѝ ja одложи четиригодишната затворска казна на Јанкулоска за „мерцедесот“

Од:

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордан Јанкулоска, добила одложување на извршувањето на четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО. Судот информира дека судија за извршување санкции и одобрил одлложување на санкцијата до први јули 2019 година.

„Што се однесува до пресудата на Апелациониот суд со која делумно се  уважува жалбата на Г.Ј. на начин што се преиначува само во делот на  казната, истата веднаш е распоредена кај судија за извршување санкции  кој постапувајќи по барање на обвинетата донесе решение со кое се  одобрува одложување на извршувањето на санкцијата до први јули 2019 година заради чување на дете“.

Апелациониот суд во копје делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од четири години.

Судијката Добрила Кацарска ја осуди поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ во одвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Средба на Мицкоски со Јанкулоска: Неправдата никогаш не нè скршила!

Горан Наумовски

За Мијалков призна дека е привилегиран, за замолчувањето на Боки 13 ги компромитира Маричиќ и Тупанчески, за Јанкулоска признава дискриминација – интервју со директорот за санкции

Кристијан Ландов

ВИДЕО: „Мерцедесот на Груевски“ се вози, но се крие колку се троши за сервисирање – ништо од ветувањата за продажба и амбулантните возила

Кристијан Ландов

Сопругот и адвокат на Јанкулоска: Нејзина главна мотивација е да се утврди кој прислушувал

Кристијан Ландов

Јанкулоска бара ослободителна за прислушувањето: Совеста ми е чиста, јас сум жртва на овој монструозен процес

Кристијан Ландов

Јанкулоска е сама во соба и иако сакаше, не работи во затворскиот весник

Кристијан Ландов