Сопругот и адвокат на Јанкулоска: Нејзина главна мотивација е да се утврди кој прислушувал

Од:

Влатко Илиевски, сопруг и адвокат на ексминситерката Гордана Јанкулоска, му посочи на судот дека при изрекување на пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ треба да ги цени олеснителните околности меѓу кои и нејзината борба против криминалот и корупцијата во минатата. Илиевски посочи дека Обвинителството не успеало да докаже ништо од тоа за што ја обвинува Јанкулоска.

„Гордана Јанкулоска има преку 23.000 незаконски прислушкувани разговори, Обвинителството не најде доблест да ја предложи како една од оштетените и на тој начин да се приклучи на кривично-правниот прогон. Го слушаме Обвинителството како чита десетици лица кои имале по 1-2 разговори и ги видовме кога продефилираа во оваа судница. За Обвинителството портфолиото од разговорите на Јанкулоска не беа релевантни за да биде вклучена во листата на оштетени. Укажувањето кон судот да се цени осудуваноста на Јанкулоска е со цел да се створи перцепција дека таа го сторила делото откако била осудена. Наместо да се ценат олеснителните околности и придонесот кој го има дадено со борбата против криминалот и корупцијата“, рече адвокатот Илиевски.

Тој посочи дека кај Јанкулоска не постоел мотив да се уништи системот за прислушкување, посебно имајќи го во предвид фактот дека таа е една од најприслушкуваните граѓани.

„Кај Гордана Јанкулоска не постои мотив за ништење на системот, од проста причина што била една од најприслушкуваните граѓани. Нејзина глава мотивација да се утврдат сторителите. Сакам да искажам мое уверување дека судечкиот совет ќе биде отпорен на медиумските линчувања каде беа застапувани само тезите на Обвинителството и притисоците од македонската влада. Имајќи ги во превид доказите со кои не се докажа тезата на Обвинителството, очекувам судот да донесе ослободителна пресуда“, рече Илиевски.

За невина и со чиста совест се изјасни и обвинетата Јанкулоска која побара ослободителна пресуда.

Би можело да ве интересира

Му застаре дело на Мијалков за прислушкувањето, обвинителот побара да се запре постапката

Ана Ололовска

Продолжуваат судењата за „Таргет-Тврдина”, „Титаник“ и „Плацеви на Водно“

Одбиена жалбата на Мијалков за одредениот притвор за „Таргет-Тврдина“

Ана Ололовска

Службеник од УБК пробал да влезе со нож на пресудата за Мијалков

ВИДЕО: За адвокатот на Мијалков казната е драконска, а затворскиот притвор е противзаконски

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Ленче Ристоска за бегството на Мијалков: Не знам каде бил, задоволни сме од пресудата

Кристијан Ландов