Судот го прифати обвинителниот акт на СЈО за „Транспортер“

Од:

Основниот суд Скопје 1 соопшти дека е прифатен обвинителниот акт од Специјалното јавно обвинителство за предметот „Транспортер“ и оти ќе биде закажан термин за почеток на судењето што ќе го води судијката Лидија Петровска.

– Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 – Скопје кој постапуваше по обвинителниот акт поднесен од страна на Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против 21 лице за предметот во јавноста познат како „Транспортер“, по добивање и разгледување на приговорите на странките во постапката во однос на обвинението, како и ценејќи ги фактите врз кои е заснован актот, донесе одлука со која го одобри обвинителниот акт, се наведува во соопштението од Судот.

Обвинителниот акт, согласно АКМИС – електронскиот систем, е распореден на судијата Лидија Петровска за понатамошно постапување во судечки совет, по што ќе биде закажан термин за одржување на главна расправа за што странките ќе бидат известени, а јавноста ќе биде информирана, истакнуваат од Основниот суд Скопје 1.

Во случајот „Транспортер“ се осомничени битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20 лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Врховен суд: Пресудата за „Транспортер“ во која е осуден битолскиот градоначалник Владимир Талески е законски изречена

Горан Наумовски

Талески останува во затвор – Врховен пресече, пресудата е законска

А1он