Судот донесе наредба да бидат приведени тројца сведоци кои не дојдоа да сведочат во „Топлик”

Од:

На денешното рочиште во кривичниот суд за предметот „Топлик“, судијата Осман Шабани донесе наредба да бидат приведени и донесени во судот тројца сведоци кои денеска не се појавија во судницата. Сведоците Емилија Путилин, Малинка Матевска и Василка Поп Ѓорѓиева ќе бидат донесени да сведочат на наредното рочиште закажано за 21 септември.

На денешното рочиште ќе сведочат двајца сведоци на предлог на СЈО. Тие ќе одговарат на прашања на обвинителот Бурим Рустеми и адвокатите на обвинетите.

Првиот сведок била вработена во Министерството за транспорт и врски, во Секторот за документирање и управување со градежно земјиште. Во 2007 година била член на Комисијата за јавно наддавање за оттуѓување државно градежно земјиште при ресорното Министерство.

За случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство, првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште.

На претходните рочишта обвинителите на СЈО ги пречитаа 608-те материјални докази во врска со предметот, а беа преслушани и неколку телефонски разговори, кои произлегуваат од следењето на комуникациите.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“ и предметот го врати на повторно постапување

Горан Наумовски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Плаќање затезна камата не е кривично дело, во „Топлик“ е штета и без неа немаше да постои предметот

Кристијан Ландов