Судот да даде одговор што се случило на 12 април 2012, бараат семејствата на жртвите од „Монструм“

Од:

Од сите изведени вербални и материјални докази во текот на главниот претрес недвосмилено се докажа дека во дејствијата на обвинетите се содржат суштествените елементи на кривичните дела кои им се ставаат на товар, порача во завршен збор за случајот „Монструм“ законскиот застапник на оштетените семејства.

Цели три години, според адвокатите на жртвите, се изведувале докази и се слушале бомби, кои беа меѓу преовладувачките причини за укинување на првостепената и второстепената пресуда и Судот има обврска и кон семејствата на убиените, но и кон целата јавност да даде одговор што се случило на 12 април 2012 година.

Од друга, страна бранителот на обвинетите Насер Рауфи, во завршен збор, рече дека случајот „Монструм“ е целосно исконструиран и синоним на случајот „Драјфус“, со тоа што во нашиот случај има подалекусежни последици бидејќи шест невини лица беа осудени на доживотен затвор.

Според нив, очигледно е дека обвинителството не обезбедило доволно докази и има само голи индиции и не ги докажува претпоставките за можен мотив.

Застапникот на семејствата на жртвите, Дафинка Ивановска, во завршен збор, рече дека цели три години интензивно се изведувале доказите и се слушале бомби, кои беа меѓу преовладувачките причини за укинување на првостепената и второстепената пресуда.

– Но, и по ислушувањето на сите бомби со кои располагаше СЈО не се утврдија некои битно различни факти, од оние кои се утврдија во претходно водената кривична постапка, освен што се одржаа многу рочишта и се одзеде многу време за да се донесе првостепена пресуда, рече Ивановска.

Беа сослушани, рече таа, голем број политичари и функционери и бевме сведоци на јавни изјави за политичко влијание и повторување на судењето со меѓународен мониторинг со цел да се утврдела вистината.

– Зошто така не се изврши политичко и меѓународно издејствување за екстрадиција на прво и второ обвинетите, а се со цели да се утврди вистината и на тој начин да им се помогне на оштетените семејства, како и на овде присутните обвинети, за да не биде селективна правдата, рече Ивановска.

Ова кривично дело на 12 април 2012 година на Смилковското, нагласи Ивановска, неспорено било извршено, при што на свиреп и подмолен начин со умисла биле брутално лишени од живот пет човечки млади животи, меѓу кои и Кире Тричковски.

– Тој ден Кире излегол со другарите за да одат на риболов на Смилковското Езеро и веќе никогаш не се вратил дома. Имал само 21 година, бил студент на Универзитетот во Штип и како секој млад човек имал многу планови за неговиот живот. Но, од тој кобен ден факултетот останал незавршен и плановите нереализирани, а неговите најблиски останале само со споменот за Кире и со неодговорени прашања, кој и зошто брутално го убил него и неговите другари, изјави Ивановска.

Од денот на убиството на Кире, нагласи таа, животот на семејството се превртел наопаку.

– Семејството Тричковски очајно бара и чека одговор од надлежните институции и државни органи во републиката што се случило на 12.04.2012 година на Смилковското Езеро. Почитуван суде, обврската и должноста да се задоволи правдата е во пошироки размери, како кон роднините на убиените деца, така и кон целата македонска јавност, нагласи Ивановска.

Одбраната на семејствата на жртвите, на почетокот се приклучи на кривичниот погон и завршните зборови на обвинителството, и преднајави имотно правно побарување за надомест на материјални и нематеријална штета.

На минатото рочиште во завршен збор, обвинителката Фатиме Фетаи, побара максимални казни за обвинетите Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, обвинети за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Фејзи Азири, пак, обвинителката Фетаи побара од Судот тој да биде прогласен за виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично. За исти кривични дела, како Фејзи Азири, обвинет е и Хаки Азири. Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам” од обвинение е ослободен Сами Лута.

Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски