Судијката не дозволи, Рашковски нема да се соочи со Русковска и Трајчева во судница, ќе сведочи Наќе Чулев

Од:

Обвинителките Вилма Русковска и Ивана Трајчева нема да сведочат во софтверот „Софтвери“, ниту обвинетиот Драги Рашковски ќе се соочи со нив во судница. Ова е одлуката на судијката Фанка Јанчулева Михаиловска. На ова, реагираше Рашковски кој сметаше дека неосновано му се одбиваат докази со кои сака да ја докаже неговата невиност. Судијката прифати сведок да биде Наќе Чулев, како технички министер во периодот за кој се однесува обвинието.

„Не се прифаќа испитување на стручниот соработник Оливер Алексов, обвинителките Ивана Трајчева и Вилма Русковска. Бидејќи пресуда не може да се заснова на исказ од јавен обвинител и стручен соработник во предметот. Нивните информации до кои дошле се во функција на јавно-обвинителството постапување. Нема да се испитува и Наде Карева-Глигорова, полициски службеник бидејќи изготвила извештај, за кој сите знаеме како се изготвува“, кажа судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

Нема да се сослушуваат ниту полициски службеници кои Рашковски бараше да бидат донесени во судот. Судијката кажа дека од нив имаат извештај на кој му поклонил верба. Одбиени за сослушување се и дел од вештаците кои веќе беа во судница, со образложение дека обвинетите можеле тогаш вкрстено да ги испрашаат за се што сметаат.

Рашковски се гони бидејќи обвинителката Ивана Трајчева тврди дека тој го местел тендерот за да го добие „Инвока груп“ на Станчев, а исто така, набавил софтвер кој е нефункционален. Дополнително, Трајчева докажува дека Рашковски делел хонорари на хонорарци во Влада, а потоа, дел од парите земал за него.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Пресуда за случајот „Софтвери“ на 6 јули

Ана Ололовска

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“