Судијката не дозволи исклучување на јавноста за време на сведочењето на разузнавачот во случајот „Тенк“

Од:

Во кривичниот суд продолжи судското рочиште за набавката на луксузниот “мерцедес”, во предметот на СЈО познат како “Тенк”.

Најпрво сведочеше агентот во Агенцијата за разузнавање, Киро Т. Тој во 2012 бил државен советник за управување со човечки ресурси во Кабинетот на министерот за внатрешни работи. Тој побара јавноста да биде исклучена, зашто како што рече, работел во Агенцијата за разузнавање.

Обвинителите на СЈО се спротивставија на тоа барање. Гаврил Бубевски од СЈО рече дека не планираат да поставуваат прашања кои се однесуваат на безбедноста на државата.

Судијката Добрила Кацарска им го прифати предлогот на обвинителите на СЈО и не ја исклучи јавноста.

Киро Т., кој е обвинет во предметот „Титаник“, рече дека целата постапка била спроведена законски. Тој како член на Комисијата за јавни набавки, која одлучувала за набавката рече: “Комисијата утврди дека понудата е во согласност со спецификацијата. Стигна само 1 понуда која ги содржи сите елементи”, рече агентот пред судот.

Денеска треба да сведочат пет сведоци, предложени од СЈО.

В.М.

Би можело да ве интересира

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on