Почна главната расправа за случајот „Транспортер“. Судијката им ги одби барањата на адвокатите на обвинетите за визуелно и тонско снимање според АКМИС и барањето за споредба на доказите. Тие бараа одлагање на главната расправа додека не се обезбеди судница каде ќе може да се снима судењето.
Обвинетите денеска не сакаа да бидат снимени во судницата во кривичниот суд, со што продолжува праксата адвокатите на обвинетите во предметите на Специјалното јавно обвинителство да бараат од Судот на новинарските екипи да не им се дозволи да направат видеоинсерти од почетокот на судењата.
Обвинетите, пак, побараа визуелно и тонско снимање на судењето и ги побараа доказите во писмена форма иако претходно ги добиле електронски листите на докази. Одбраната го бара и це-дето со бомбите бидејќи без него не била возможна одбраната.
Во предметот „Транспортер“ на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, и на уште 20-тина лица им се суди за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена злоупотреба на околу 360.000 евра.
В.М.