Судијата во случајот „Монструм“ ќе изврши увид во возилото на обвинетите

Од:

Судијата во случајот „Монструм“, Огнен Ставрев, на крајот од денешното рочиште предложи тој задно со судскиот совет, обвинителите, одбраната и вештаците кои го вештачеа возилото, да го видат автомобилот „Голф 3“ со затемнети стакла во кој обвинетите биле кај Смилковско езеро.

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, ја поддржа оваа идеја, велејќи дека има потреба од такво нешто бидејќи има многу работи кои недостасуваат, а можат да се дознаат од оваа проверка.

Најверојатно разгледувањето на автомобилот ќе биде на почетокот на септември. Судијата Ставрев следното рочиште го закажа за 31-ви август, за кога најави дека судскиот совет ќе му поставува прашања на загрозениот сведок.

По завршувањето на рочиштето, адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи повтори дека загрозениот сведок лажно сведочи и е конструиран.

„По одговорите кои ги даваше загрозениот сведок, јасно се гледа дека е лажен. Има големи разлики во сегашната изјава и неговите претходни изјави, а исто така потврда за тоа дека лажно сведочи е тоа дека на голем дел од прашањата, одговорот му е дека не се сеќава“, рече Рауфи.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов