Судијата Авдија кој беше снимен со љубовницата во просториите на Граѓанскиот суд единствен кандидат за претседател на судот

Од:

Судијата Бесник Авдија е единствениот кандидат за Претседател на Граѓанскиот суд Скопје за кого утре треба да расправа Судскиот совет. Авдија е судијата за кого „пукна“ љубовна афера во Судот.

А1он додје до две претставки кои се поднесени против Авдија, една до Судскиот совет и една до Државната комисија за спречување на корупција. И двете се однесуваат на аферата која од расправање завршува со бакнежи и гушкање, а која тајно беше снимена во просториите на судот и јавно објавена.

Условот за избор на претседател пак, се угледот и интегритетот на судијата, кои се оспоруваат во двете претставки, токму поради снимениот разговор со љубовницата. Авдија остана единствен кандидат откако судијката Јехона Садику беше одбиена поради некомплетна документација.

Во моментов, претседател на скопска двојка е Илир Сулејмани, но тој треба да биде избран за судија на Апелациониот суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски