Судии, партиски кадри, фан и сопартиец на Груби: Кој сака да лови корупција во Македонија

Од:

„Ветерот на промената доаѓа“ – вака Берат Дехари на 26 октомври 2021 година го пиша на социјалните мрежи вицепремиерот Артан Груби. Истата година, тој е назначен и за дел од локалниот штаб на ДУИ во Гостивар. Од заменик директор на Национални шуми, Дехари сега се надева дека ќе биде член на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција. И не е единствениот кој влегува во борбата од 42 кандидати кои се на интервју во Собранието.

Меѓу нив е и Борис Кондарко, два пати пратеник од СДСМ, два пати член на Државната изборна комисија предложен од партијата, еднаш претседател на комисијата. Како адвокат работел помеѓу функциите, иако правосудниот испит го има положено уште во 1999 година.

Кандидат е и актуелниот помошник директор во одделот за криминалистичка полиција во Бирото за јавна безбедност, Оливер Лукаровски.

Против корупција сака да се бори и поранешната судијка Татјана Михајлова. Беше разрешена во 2021 година, со обвинување дека како в.д. претседател на Кривичниот суд, по усна наредба, а не преку АКМИС, Михајлова примала судски предмети, како подобна судијка во времето кога СЈО почна кривично да гони поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Таа бираше и оддалечуваше судии во Кривичниот суд, за кои имаше и обвинувања дека биле подобни или не за екс владините функционери, а ги казни и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева и обвинителката Фатиме Фетаи со глоба од по 2.000 евра, бидејќи според неа, не го почитувале судот.

Од редот на судиите пак, кандидирана е и актуелната судијка Славица Андреевска, која беше преместена токму од Михајлова од Кривичниот суд, откако претходно му одреди притвор на поранешниот битолски градоначалник Владимир Талевски и ја блокираше сметката на фирмата Финзи.

Кандидирана е и поранешната судијка Маја Махалова, која беше прв човек на Државната комисија за жалби по јавни набавки, но и кандидат за претходниот состав на ДКСК.

Софија Спасовски Медарски пак, е судијка во граѓанскиот суд, но и сопруга на Филип Медарски, адвокат кој го бранеше експремиерот Зоран Заев во предметот Поткуп. Меѓу кандидатите е и Накил Фетаи, брат на обвинителката Фатиме Фетаи. Неговото име може да се види и како лице за контакт на тендер кој во 2021 година го има распишано основниот суд во Гостивар.

Во комисијата за селекција на кандидатите, пак членуваат заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, Снежана Камилоска-Трпкоска од Македонски центар за меѓународна соработка, Никола Додов од Здружението за поттикнување и промоција на информатиката, како и пратениците од власта Фаница Николовска и Берат Ајдари и Ели Панова и Кастриот Реџепи од опозицијата.

Мандатот на актуелните членови на ДКСК завршува на 7 февруари идната година, а новата комисија треба да почне со работа идниот ден, на 8 февруари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Демократи ги промовираше кандидатите за пратеници: Да ги тргнеме од власт 33-годишните робовладетели

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ