Судењето за „Топлик“ експресно се одложи бидејќи Јанакиески требаше да се појави на ТНТ

Од:

Рочиштето за предметот „Топлик“ се одложи поради ТНТ, бидејќи ексминистерот Миле Јанакиески е обвинет во двата предмети. Судијата Осман Шабани им кажа на обвинетите и нивните адвокати дека следното рочиште ќе се одржи на 28 февруари, по што им заблагодари што дошле на денешното рочиште.

„Со оглед дека во исти ден е закажана главна расправа по предметот ТНТ, рочиштето се одлага“, рече Шабани.

„Топлик“ се води против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески уште пет лица за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и камата на правното лице „Сан сити“. Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“ и предметот го врати на повторно постапување

Горан Наумовски

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска