Судењето за Пендиков ќе продолжи на 31 мај, најавено присуство на оштетениот

Од:

Судењето на еден од обвинитетите за физичкиот напад на Христијан Пендиков, ќе продолжи на 31 мај во 10 часот. Денешното рочиште заврши со презентирање на материјалните докази, меѓи кои и видео-снимка од тепањето на Пендиков.

Илија Спасески, еден од обвинетите за претепувањето на Христијан Пендиков, претходно рече дека не се чувствува за виновен во случајот Пендиков во кој е обвинет дека заедно со уште едно лице го претепале охриѓанецот.

– Јасно ми е обвинението, но не се чувствувам за виновен, рече Спасески на второто рочиште од судскиот процес во Основниот суд во Охрид кој го води судијата Бојан Мартиноски.

На Спасески му се суди за кривично дело напад од омраза со тешки повреди.

Оштетениот Христијан Пендиков не присуствуваше затоа што треба да се направат дополнителни испитувања, а обвинителство се надева дека наскоро тој ќе се појави, истакна неговиот адвокат Стефан Камишевски на второто рочиште од судскиот процес против неговите напаѓачи.
Илија Спасески беше уапсен неколку дена по нападот врз Пендиков, охриѓанец со македонско државјанство кој од неодамна се декларира како Бугарин.

На 22 февруари Спасески беше пуштен од притвор, а истиот ден беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, битолчанецот Б.А.
Двете лица се обвинети дека го претепале секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, вечерта на 19 јануари во центарот на Охрид на паркинг близу угостителски објект во кој прво имало вербална пресметка помеѓу нив.

Би можело да ве интересира

Првпат во суд се појави и второбовиниетиот за случајот „Пендиков“, рочиштето одложено

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

Илија Спасески има воспаление на вените, Судот одби да му го врати пасошот за да се лекува во странство

Орце Костов

Пендиков во Судот во Охрид ќе ја раскаже својата верзија за претепувањето, а исказ ќе дадат и лекари од Брзата помош

Орце Костов

(ВИДЕО) Адвокатот Цобоски: Имало страшно брзање да се поднесе обвинение, случајот Пендиков е политички

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендиков: Не се плашам, но добивам смртни закани

Орце Костов