Судењето за „Монструм” продолжува на 25 септември

Од:

Судењето за случајот „Монструм“ продолжува на 25 септември, за кога е предвидено да сведочат тројца сведоци предложени од одбраната, од кои еден е полициски службеник од единицата Алфа.

Судијата Огнен Ставрев пред завршување на денешното рочиште наведе дека за две рочиште би требало да заврши доказната постапка, односно после ова фаза на странките ќе им даде време за подготвување на завршни зборови.

На денешното рочиште за „Монструм” беа презентирани вербални и материјални докази од сведоци предложени од одбраната.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски