Судењето за „Меѓународен сојуз” продолжува на 10 март

Од:

Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица продолжува на 10 март, откако на денешното рочиште беа изведени материјални докази, предложени од Обвинителството.

Обвинителството презентираше материјални докази од Управата за финансиско разузнавање, за банкарски сметки и реализираните трансакции на обвинетите во периодот на интерес за случајот, како и документи од УЈП, Централен регистар и договори за соработка и проекти на здружението „Меѓународен сојуз” со други здруженија, компании и општини.

Одбраната реагираше на начинот на изведувањето на овие докази, на што судот укажа дека изведувањето го прави обвинителството на начин што смета дека е целисходен за постапката, додека тие ќе имаат можност да дадат коментар и истите да ги поврзат при изведување на нивните материјални докази, а сега во оваа фаза од постапката може само да реагираат на конкретен доказ, но без да даваат коментар.

На почетокот на денешното рочиште, Бојан Јовановски побара изземање на обвинителката Вилма Русковска и произнесување од републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој е застапник на обвинението со оглед на тоа, како што рече, споменатата обвинителка не се појавува и од рочиште на рочиште се менуваат обвинителите.

– Ова барање ќе го аргументирам поради тоа што Вилма Русковска не се појавува, не знаеме зошто, точно е дека може да прави свои замени според хиерархијата, но го молам републичкиот обвинител да одреди кој точно е застапник за да знаеме кој се обидува да го докаже обвинението кое е на стаклени нозе, рече Јовановски.

Судијката Софче Гаврилова Ефремовска, посочи дека денешното рочиште ќе се одржи, а барањето ќе биде проследено до Јавното обвинителство по негово завршување.

На следното рочиште останува да се изведат уште неколку материјални докази предложени од Обвинителството, по што на 18 март ќе треба да почне со сослушување на сведоци.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Би можело да ве интересира

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски

Трајчева е незадоволна што Ременски е ослободена во “Меѓународен сојуз”, ќе се жали на Апелација

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Ременски: Ова беше долг и измачувачки процес за мене

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Таткото на Боки 13: Умре правдата, пресудата е одмазничка

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма при изрекување на пресудата, Боки 13: Оваа пресуда е доказ дека ти си слуга на Зоран Заев, Господ казнува, не казнуваш ти

Кристијан Ландов

Боки 13 доби нови девет години затвор, Ременски е ослободена

Кристијан Ландов